Извозот на користена облека од ЕУ го влоши проблемот со отпадот во земјите во развој


 

тројно е зголемен извозот на користена облека од ЕУ, од почетокот на векот, што дополнително го зголеми проблемот со насобирање отпад во земјите во развој, предупреди денеска Европската агенција за околина ЕЕА.

Европа има ограничени капацитети за повторна употреба и рециклирање, па голем дел од отфрлената и донерана облека се извезува во Африка и Азија, истакнаа од Агенцијата во извештајот објавен денеска.

„Во јавноста врежано е мислењето дека донацијата на користена облека секогаш е добредојдена во тие региони, но фактите покажуваат поинаква приказна“, предупредија стручњаците за животна средина. „Иднината на користен текстил често е неизвесна“, додаваат.

Во 2000 година ЕУ извезуваше околу 550.000 тони текстил, според податоците во извештајот. Во 2019 година достигна речиси 1,7 милиони тони, што одговара на 3,8 кг по жител.

„Она што не е прикладно за повторна употреба завржува на одложувалишта“

„текстилот во прв ред повторно влегува во употреба со оглед на побарувачката за евтина, користена облека од Европа. Она што не може повеќе да се носи главно завршува на депонии и неофицијални текови на отпадот“, велат од агенцијата.

Во 2019 година ЕУ 41 отсто од користениот текстил го извезува во Азија, каде е сортиран и обработен на средишни пунктови. Повеќето е искористен во индустријата или е проследен во други азиски земји поради рециклажа и во Африка каде повторно се пушта во употреба. Речиси половина од употребуваниот текстил завршува во африканските земји“, утврди ЕЕА.