Извозно ориентираните компании имаат потенцијал да бидат мотор на развојот во пост ковид периодот


Извозно ориентираните компании имаат потенијал да бидат мотор на развојот во периодот што следува по пандемијата на Ковид -19, да инвестираат во технологија, а околу 60 отсто од нив имаат план да го направат тоа, покажува студија која ја спроведе Фајнанс тинк во изминатите неколку месеци. Како што вели Благица Петрески од Фајнанс тинк, извозно ориентираните компании имаат можности да инвестираат и според анализата неодамнешното намалување на царините за клучните инпути ќе влијае на зголемување на инвестициите до 25 проценти, како и за зголемување на производството и на конкурентноста.

За таа цел денес во Скопје се одржа и панел дискусија на која беа презентирани наодите од публикацијата „Потенцијалот на извозно ориентираните компании за придонесот за пост Ковид-19 економското опоравување во Северна Македонија“.

Студијата е резултат на деветмесечно истражување кое е поддржано од Британската амбасада во Северна Македонија. На дебатата стана збор за економијата на крстопат, како и кој ќе биде мотор на растот во пост ковид периодот.

„Маргинален дел ќе ја зголеми и привлечноста на земјата за нови инвестиции. Исто така, овие компании имаат потенцијал да бидат дел од структурните промени во насока на јакнење на човековиот потенцијал со вклучување на дуалниот процес на образование и за што околу 40 отсто искажале дека имаат потенцијал да бидат дел од целиот процес“, истакна Петрески презентирајќи ги поентите од студијата која беше изработена со поддршка на амбасадата на Обединетото Кралство во нашата земја.

Петрески посочи дека во поглед на привлекувањето на странски инвестиции, главно кај компаниите кои се веќе во земјата и нивните можности да привлечат нови производни линии од матичните компании, било идентификувано дека такви структурни промени за реалокација може да направат само 19 проценти и скоро 90 проценти од компаниите кои имаат процес на реалокација, имаат потецијал да доведат нови производни линии.

„Севкупно, тоа упатува дека извозно ориентираните компании треба да се поттикнат за да бидат мотор на раст во постковид периодот“, рече Петрески.

Таа додаде дека една од предложените мерки кои Фајнанс тинк ги има упатено беше усогласување на царините, и таа мерка е дел од петтиот пакет, меѓутоа и дел од мерките кои треба и во иднина да бидат насочени кон поттикнување на инвестициите и овозможување поволни кредитни линиии кои на многу долг рок можат да придонесат за зголемување на инвестициската компонента.

„Исто така, треба да се поттикне економската дипломатија со цел домашните компании да се прошират и на други пазари кои во моментов постојат“, рече Петрески нагласувајќи ја важноста и на градење на човечкиот капитал што е еден од ограничувачките елементи за компаниите, но и севкупно на бизнис секторот во земјава.

„Тоа треба да се поттикне од една страна преку процесот на дуално образование, но и преку поддршка на тренинзи и доедукација на работно место“, рече Петрески. Според неа Ковид-19 пандемијата покажа и колку е важно компаниите да имаат домашни добавувачи, бидејќи се нарушија синџирите на снабдување и многу компании се соочија со проблем од каде да ги набават ресурсите и инпутите.

„Тоа го исфрли на површина недостатокот и многу малата соработка помеѓу странските инвеститори и домашните компании“, истакна Петрески, додавајќи дека во следниот период мора да се јакнат тие врски и соработката на домашните компании со мултинационалните компании и севкупно со извозно ориентираните компании.

Амбасадорката на Обединетото Кралство во земјава, Рејчел Галовеј рече дека Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетот Кралство на Западен Балкан и дека Договорот за трговија кој беше склучен минатата година ќе ги зајакне таките врски со нови иновативни соработки.

Амбадорката Галовеј рече дека соработката ќе продолжи истакнувајќи и нови области во насока на поддршка на иновативноста и конкуренцијата, како и соработка во јавно приватно партнерство, вклучително и т.н. зелено ЈПП.

Како што истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи, Владата активно ја следи состојбата и преку соодветни економски мерки настојјува да се зачуаат работните места и да се одржи ликвидноста на компаниите, но и да се стумулира натамошен развој за бизнис субјектите.

„Успеавме да ги ублажиме негативните ефекти од ковид кризата и врз трговската размена кој во еден момент достигна минус 10 отсто, а БДП е во рамките на проекциите од минус 4,5 отсто“, рече Битиќи. 

Тој нагласи дека извозно ориентираните компании имаат голема улога во економското закрепнување.

„Токму затоа преку четвртиот и петтиот пакет мерки веќе не зборуваме за помош, туку и за потикнување на инвестициски активности на овие стопански капацитети, рече Битиќи, истакнувајќи неколку од мерките за поддршка на извозните компании, како бескаматните кредити на Развојната банка, но и Законот за државна гаранција за кредитирање кој ќе донесе дополнителна ликвидност за компаниите.

„Преку отворен пристап и дискусија со сите чинители во рамките на можностите ги ублаживме последиците од ковид кризата и навистина успеавме во тоа. Извозот во јануари е за 15,4 отсот поголем во во однос на истиот месец лани, кој пак се сметаше за еден од најуспешните месеци во изминатите неколку години. Увозот е со раст од 5,3 отсто, а покриеноста на увозот со извоз е досега највисока и изнесува 84,7 отсто“, рече Битиќи, додавајќи дека јануари беше шестиот месец по ред во кој извозот бележи раст, тренд кој се надева дека ќе продолжи и кој, според него е потврда на соодветните економски политики. (М.Ј.)