Извлечени се четвртфиналните двојки од Лигата на шампионите, најинтересен дуел Реал и Сити


Денеска во Нион се одржа жрепката за финалето на Лигата на шампионите во која добивме неколку многу интересни парови.

Двојките ги извлече поранешниот фудбалер на Челзи, Џон Оби Микел, кој со „сините“ ја освои Лигата на шампионите во 2012 година:

Реал Мадрид – Манчестер Сити

Арсенал – Баерн

Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд

ПСЖ – Барселона

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 9 и 10 април, а реваншите на 16 и 17 април.

Одредени се и полуфиналните дуели. Победникот од дуелот Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд ќе игра против победникот од дуелот ПСЖ – Барселона, додека подобриот од дуелот Арсенал – Баерн ќе игра против подобриот од дуелот Реал Мадрид – Манчестер Сити.

Првите полуфиналиња се на 30 април и 1 мај, а реваншите на 7 и 8 мај. Финалето ќе се игра на 1 јуни на лондонскиот „Вембли“.

За потсетување, жрепката за четвртфиналето и полуфиналето на Европската лига ќе започне во 13 часот, а жрепката за четвртфиналето на Конференциската лига ќе започне во 14 часот.