Известување од ЈП Водовод и канализација за работењето по Нова Година


Фото: Б. Грданоски

Водовод и канализација – Скопје во пресрет на новогодишните празници ги известува корисниците дека на 2 јануари шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието и наплатниот пункт во Сарај нема да работат.

За евентуални потреби граѓаните треба да се јават на бројот 02/3073 010, или да пратат мејл на [email protected]. 

-Информирајте се на www.vodovod-skopje.com.mk и пристапете до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и iOS, стои во пораката на компанијата.