Извештаите од Македонското кредитно биро достапни и онлајн преку порталот МОЈ МКБ


Македонското кредитно биро соопшти дека го дигитализира целосно пристапот кон своите извештаи и овозможи брз, едноставен и практичен начин да се добијат истите, преку порталот МОЈ МКБ.

На овој начин, како штто нагласуваат, се овозможува брз и точен увид за статусот на долговите и подмирувањето на истите, а воедно се олеснување процесот на деловно одлучување и одржување на финансиска стабилност.

„Управувајќи со најголемата и најкомплексна база, која вклучува процес на прибирање, обработка и размена на податоци за обврските, МКБ претставува единствена инстутиција во земјата која изготвува извештаи за задолженоста и редовноста во подмирувањето на обврските. Податоците во зависност од природата, се ажурираат на дневна и месечна основа, со цел гарантирање на точноста и прецизност на истите. Преку Сопствениот извештај, физичките и правните лица, можат да ја согледаат својата моментална задолженост, а со тоа да спречат евентуално презадолжување и избегнување на дополнителни трошоци, наведуваат од Кредитното биро.

МКБ на компаниите им нуди единствена можност да извршат проверка на бонитетот, задолженоста и редовноста во измирувањето на обврските на нивните сегашни и идни деловни партнери преку т.н. Корпоративен-бонитетен извештај. Користењето на овој извештај овозможува намалување на ризикот во деловното работење. МКБ во 2016 година склучи договор за размена на податоци со Италијанското кредитно биро CRIF S.p.A, со што овозможи на македонските компании преку т.н. Меѓународен извештај да добијат бонитетни информации за било кој правен субјект ширум светот.

Следејќи ги позитивните светски практики во насока на подобрување на квалитетот на услугите, а со цел да одговори на барањата и потребите на клиентите, МКБ, како што наведуваат, целосно го дигитализира пристапот кон своите извештаи и овозможи на брз, едноставен и практичен начин да се добијат истите, преку порталот МОЈ МКБ.