Извештаите дека Борис Џонсон е на респиратор се „руски дезинформации“


Британската влада во понеделникот го отфрли извештајот на руските медиуми дека премиерот Ворис Џонсон бил приклучен на респиратор откако бил хоспитализиран со постојани симптоми на корона вирус.

Борис Џонсон, кој рече дека бил позитивен на Ковид-19 на 27 март, во неделата беше примен во болница за тестови. Во понеделникот, руската новинска агенција РИА Новости цитираше неименуван извор на здравствена заштита, кој вели дека на Џонсон му била укажана „вештачка вентилација на белите дробови“.

Портпаролот на премиерот го отфрли извештајот како „дезинформација“.

„Нашите специјализирани владини единици забележаа пораст на лажни извештаи од почетокот на појавата на корона вирусот. Од витално значење е да се урне брзо секоја (таква) информација“, рече портпаролот.

Департмантот за дигитализација, култура, медиуми и спорт и абинетот на премиерот „продолжуваат тесно да соработуваат со компаниите за социјални медиуми за да престанат со ширењето на лажни информации и гласини“, додаде тој.

Џонсон останува набудување во болницата „Сент Томас“ во Лондон со постојана температура и кашлица, но имаше „удобна ноќ“ и „е во добра дух“, рече портпаролот, додавајќи дека Џонсон сè уште е надлежен за владата и продолжува да прима ажурирања, како и неговата црвена чанта што содржи владини документи.

Сепак, портпаролот одби да даде дополнителни детали за тоа дали премиерот прима некаков третман или дали е на интензивна нега. (Според агенциите)