Изведба на операта „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети во НОБ


Една од водечките белканто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена денеска со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет.

„Лучија од Ламермур“ е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“.

Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Иван Еминовиќ, режисер и сценограф е Лев Пулиезе од Италија, а костимограф Марија Пупучевска, концерт мајстор: Верица Ламбевска.

Во насловната улога ќе настапи Наде Талевска, во улогата на Енрико: Ристе Велков, Едгардо: Благој Нацоски, Артуро: Никола Стојчески, Рајмондо: Алесандро Абис (Италија), Ализа: Соња Пендовска Мадевска, Нормано: Дејан Стоев.  Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.