Изречени 725 санкции за неносење маска


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 725 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.