Израелскиот премиер по нападот: Операцијата ќе трае онолку колку што е потребно


Јаир Лапид, премиерот на Израел, зборуваше откако израелската армија изврши ракетни напади врз цели во Појасот Газа, при што беше убиен и командантот на организацијата Исламски џихад на Палестина.

Во своето прво обраќање до нацијата по операцијата Зора, Лапид рече дека операцијата ќе трае онолку колку што е потребно.

– Израелските сили денеска нападнаа цели на Исламскиот џихад во Газа. Меѓу убиените е и Тајсир ал Џабари, еден од двајцата високи команданти на организацијата. Директивата што ја доби армијата беше јасна. Израел нема да седи со скрстени раце кога има такви кои се обидуваат да им наштетат на неговите цели. Имаме политика на нулта толеранција за какви било обиди за напад на израелска територија – рече Лапид,пренесе Аваз.ба.