Израелски авион налетал на птица, принудно слетал во Софија


Израелски патнички авион принудно слетал во Софија поради удар во птица, рече службеник од бугарското министерство за сообраќај.
Наводно, птицата налетала на авионот непосредно по неговото полетување.
Авионот на компанијата „Ел Ал“ кој летал за Тел Авив слетал безбедно, а патниците се симнале, додека се вршеле проверки.