Израелски аптекар, по грешка, примил четири дози вакцина против Ковид-19


Еден израелски аптекар, денеска, случајно, добил четири дози од вакцината на „Фајзер“ против корона вирус, но вели дека му е добро.

Удај Азизи за ТВ Канал 12, изјави дека поминале неколку часа откако ја примил вакцината, кога било забележано дека место една примил четири дози одеднаш.

Веднаш е испратен во болница на следење и дополнителни прегледи.

Изгледа лицето кое му ја аплицирало вакцината, не сфатило дека секое шишенце со вакцината на „Фајзер“ има по неколку дози, обично пет.

Аптекарот вели дека почувствувал само болка на местото каде е боцнат и малку црвенило.

Тој се вознемирил кога му кажале дека по грешка, добил четири дози одеднаш, и рекол дека треба да прими уште една доза за три недели.

Во Израел, масовната вакцинација почна во неделата и најпрво беа вакцинирани сите здравствени работници, а во понделникот сите постари од 60 години. Министерот за здравство Јули Еделштајн, вели дека за два дена вакцинирале 30.000 луѓе.

Бројот на заразени повторно расте во Израел каде утрово беше објавено дека за 24 часа забележани се нови 3.594 нови случаи на инфекција, што е најмногу во последните неколку месеци.