Израелците убија Палестинец со посебни потреби

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска изрази жалење поради убиството на невооружениот Палестинец со посебни потреби при полициска потера во Ерусалим.

– Искрено жалиме за случајот во кој беше застрелан Ијад Халак“, изјави Ганц по состанокот на владата во Ерусалим. Тој изрази сочувство до семејството на жртвата што живее во источен Ерусалим и вети брза истрага за убиството.

– Сигурни сме дека овој настан ќе биде истражен  брзо и дека ќе се извлечат заклучоци, рече тој.

Халак, во рани триесетти години, бил придружуван од учителка на пат кон специјална образовна институција кога израелската гранична полиција патролирала во Стариот град и му наредила да запре. Исплашен, почнал да трча и сакал да се скрие зад контејнер за смет, изјавија роднини.

Во соопштение на пограничната полиција се вели дека командир и полицаец трчале по него. Мислејќи дека тој држи пиштол, тие отвориле оган кон кего. Халак немал пиштол, туку мобилен телефон.

Палестинските водачи го осудија инцидентот како „воено злосторство“ и истакнаа дека „неказнивоста“ на Израел значи дека тие не се чувствуваат одговорни.

Израелскиот нов министер за внатрешни работи Амир Охана од десничарската партија на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Ликуд, исто така изрази „жалење“ за смртта на Халаки. (На фотографијата е таткото на убиениот).