Израел во последна фаза од испитувањето на лек против корона вирусот
Околу 50 отсто од потребните пациенти регрутирани се за последната фаза три од испитувањето на лекот кој го развија Американците и кој може да донесе промена во борбата против короната, вели професорот Јосеф Карако од Медицинскиот центар на Универзитетот Хадаша во Израел.
Карако рече дека неговиот тим неодамна го завршил својот дел од успешното испитување на фазата два орално за достапните кандидати за антивирусниот лек „молнупиравир“, кој го разви компанијата „Мерк факмацеутикалс“. Лекот е дизајниран да го успори напредувањето на корона вирусот од блага до тешка болест, пренесува „Ерусалим пост“.
Студијата е спроведена во 80 медицински центри ширум светот, вклучувајќи околу 300 пациенти со благи или умерени симптоми на корона. Некои примаа „молнупиравир“, а други плацебо.
„Општиот заклучок од оваа фаза е дека пред сè, лекот е сигурен“, рече Карако.
„Не забележавме ништо необично. Исто така, видовме дека на оние кои се лекувани со овој лек помалку им е потребна хоспитализација, отколку на оние кои примаа плацебо“.
Лекот има потенцијал да спречи хоспитализација ако се дава на пациенти со благи до умерени симптоми, посебно ако се дава во почетокот на болеста.
Испитувањата за втората фаза траеја од доцната еден 2020 година до април 2021 година. Испитувањето за фазата три, кое почна во јуни, треба да потрае уште неколку месеци. Педесет отсто од пациентите веќе се регрутирани, додава Карако.
Лекот може да спречи напредување на инфекцијата од блага до умерена, па тешка форма.
„Досега бевме ангажирани обидувајќи се да ги истражме лековите за лекување најтешки пациенти во болница“, рече Карако.
„Идејата е ако може да ги лечиме, може и да го спречиме напредувањео до сериозна болест. Ова е потполна промена во начинот на кој се обидуваме да се бориме против болеста. Ова е промена на парадигмата“, додава тој.
Студијата од третата фаза опфаќа многу повеќе пациенти. Карако вели дека предизвик е да се дојде до овие пациенти во Израел, затоа што многумина веќе се вакцинирани и затоа не се квалификуваат за студијата.
Рече дека истражувачкиот тим исто така, шпекулирал, дека лекот може да помогне да се намали инфективноста на пациентите, а со тоа и веројатноста да го шират вирусот на контактите во домаќинството.
Тие веруваат дека ова може да има позитивно влијание на спречување на долготрајна инфекција со корона вирусот.