Израел соопшти дека загинале уште петмина војници

Израелските сили водеа низа борби со милтантите на Хамас во северниот дел на Газа во саботата, додека тие продолжија со копнената офанзива, при што војниците беа нападнати во најмалку два случаи од училиштата, соопшти војската.
Во саботата вечерта израелските одбранбени сили објавија смрт на пет војници, од кои еден им подлегна на раните здобиени на 7 октомври, а четворица од нив биле убиени за време на борбите во јужниот дел на Појасот Газа за време на викендот.
Еден од војниците убиени во борбите е внук на поранешниот началник на Генералштабот на ИД и актуелен министер во воениот кабинет Гади Ајзенкот, кој исто така го загуби својот син во борбите пред неколку дена. Билансот на убиените војници за време на копнената офанзива против Хамас се искачи на 97.
Уште 12 војници од неколку единици беа тешко ранети во борбите за време на викендот.
Во петокот, ИД објави дека двајца војници биле тешко ранети во неуспешен обид да се спасат уште заложници.
Среде континуираните борби, кибуцот Беери објави дека неговиот жител Сахар Барух, кој беше киднапиран и земен како заложник во Газа на 7 октомври, бил убиен додека бил во заробеништво.
Во соопштението нема детали како и кога умрел 25-годишникот, но дојде еден ден откако Хамас објави пропагандно видео во кое наводно се гледа неговото тело.
Се верува дека во Газа остануваат 138 заложници, иако во последните денови ИДФ ја потврди смртта на 18 од заложниците кои ги држеше Хамас, поради новите разузнавачки информации и наоди добиени од војниците кои дејствуваат во Газа.
Вкупниот број на палестински жртви во Газа надмина 17.400, повеќето жени и деца, според Министерството за здравство на територијата под контрола на Хамас, чии пребројувања не прават разлика меѓу цивили и борци. Израел соопшти дека верува оти досега убил најмалку 7.000 терористи.