Израел: Се распадна центристичкиот блок околу Бени Ганц


Бени Ганц (десно) и Гидеон Саар

 

Центристичкиот блок во Израел, кој е главен политички противник на премиерот Бенјамин нетанјаху, се распадна откако од него се повлече една од клучните фигури, Гидеон Саар. Централна фигура во локот Национално единство, формиран во јули 2022, е минисетрот во воениот кабинет Нени Ганц.

Говорејќи на партиски собир во Тел Авив, Саар, поранешен висок член на партијата на Нетанјаху, Ликуд, кој ја предводи партијата Нова надеж вели дека иако има „почит за моите колеги, кои го претставуваат блокот Национално единство во воениот кабинет… за жал, тие не го пренесуваат гласот , позиции и акцент што би го донел таму“, пишува весникот „Хаарец“.

Тој бара да се приклучи на воениот кабинет. „Нашиот глас, гласот на достоинствената десница, денес е посуштински од кога било. На Израел денес му треба алтернатива на достоинствената десница. Ако не го водиме ова – не гледам некој друг што може да го направи тоа“.

„Затоа, донесов одлука: по консултации и по мислењето на моите пријатели да го прекинам партнерството со партијата Сино-бело [на Ганц] и веднаш да ја обновам фракцијата Нова надеж – државничката десница во Кнесетот како независна фракција, која јасно ќе го изрази нашиот национален и граѓански светоглед“.

Како одговор, Ганц едноставно твитна: „Ви благодарам и со среќа“.

Во интервју минатиот месец Саар посочи дека повеќе не верува оти премиерот Нетанјаху треба да биде избегнуван.

Саар, поранешен министер на Ликуд, беше исфрлен од Ликуд откако пред неколку години го предизвика Нетанјаху за лидерство на партијата.

Националното единство, под Ганц, се приклучи на коалицијата на Нетанјаху како итна мерка на почетокот на војната.