Израел повторно ја запре помошта за Газа


Израел соопшти дека го запира влезот на сите стоки и залихи во Појасот Газа, но не е  јасно дали испораката на помош е целосно запрена. Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху не даде детали за одлуката, но предупреди на „дополнителни последици“ доколку Хамас не го прифати, како што вели Израел, предлогот на САД за продолжување на примирјето.

Хамас го обвини Израел дека се обидува да го попречи кревкото примирје и рече дека неговата одлука да ја прекине помошта е „евтина изнуда, воено злосторство и бесрамен напад на договорот (прекин на огнот)“.

Израел ги контролира сите гранични премини во Газа, вклучувајќи го и преминот со Египет.

Првата фаза од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, кој вклучуваше зголемена хуманитарна помош, истече во саботата. Двете страни допрва треба да преговараат за втората фаза, во која Хамас требаше да ослободи десетици преостанати заложници во замена за повлекување на израелската војска и траен прекин на огнот.