Израел: Од јазол во јазол по изборите


Шансите на Бенјамин Нетанјаху да биде избран да ја формира следната влада на Израел се чини дека се подобриja откако тројца политичари од арапското малцинство во земјата ставија до знаење дека нема да го поддржат неговиот ривал.

Во неделата сојузот на арапските парламентарци, кои претежно ги претставуваат палестинските граѓани на Израел, објавија дека ќе го поддржат поранешниот воен генерал Бени Ганц. Поддршката од Заедничката листа, која освои 13 места на изборите во вторникот и го направи блокот трета најголема сила во Кнесетот со 120 места, го стави Ганц малку пред Нетанјаху. Тој имаше 57 препораки, две пред актуелниот премиер.

Сепак, претседателот на Израел, Реувен Ривлин, кој има задача по изборите да избере кандидат за формирање влада, во понеделникот наутро изјави дека тројца арапски политичари од палестинската националистичка партија Балад се воздржале. Тој потврди дека препораките од Заедничката листа ќе бидат само 10 поддршки ставајќи го Нетанјаху во предност со една препорака.

Ривлин, чија улога обично е церемонијална, не е должен да го избере Нетанјаху. Тој може да избере кој било кандидат за кој верува дека има најдобри шанси за формирање влада. Обично, одлуката е јасна, а честопати оди и до лидерот на најголемата партија, но заматениот изборен резултат создаде ќор-сокак.

Претседателот, исто така, посочи дека бидејќи ниту Нетанјаху ниту Ганц немаат мнозинство од 61 место, тие заедно може да формираат влада за обединување. Тој може да ги повика двајцата на разговори пред крајниот рок следната среда за избор на кандидат.

Нетанјаху ја поддржа оваа идеја, но тој да ја води таквата влада. Ганц ја отфрли можноста да биде заедно со Нетанјаху, кој се соочува со можноста за три обвиненија за корупција.

Ако не се здружат, претседателот има моќ да избере еден од нив кој ќе има до шест недели да формира мнозинска влада. Ако тоа лице не успее, тогаш Ривлин би можел да побара втор кандидат.

Тоа сценарио се одигра во мај, откако Нетанјаху не успеа да собере коалиција по сличен изборен резултат. Но, наместо да ѝ даде шанса на опозицијата да создаде влада, тој притисна да се распушти Кнесетот, предизвикувајќи повтори избори на кои очекуваше втора шанса.

Многумина стравуваат дека третите избори ќе бидат распишани ако продолжи сегашниот ќор-сокак. Клучниот играч, екстремно десничарскиот ултранационалист Авигдор Либерман, рече дека нема да поддржи никого и повика на влада за обединување.

Во неделното одобрување на Ганц од страна на арапските партии ја прекина речиси тридецениската политика на неподдржување на израелскиот лидер продолжува додека окупацијата во палестинските територии.

Последниот пат кога арапските партии го поддржаа кандидатот беше во 1992 година. Тоа беше Јицак Рабин, кој потоа ги потпиша мировните договори со Палестинците во Осло. Палестинските граѓани на Израел или арапските Израелци сочинуваат близу една петтина од 9-милионското население.

„Ние станавме нелегитимни во израелската политика во ерата на Нетанјаху“, рече водачот на Заедничката листа, Ајман Одех, на Ривлин кога го извести за одобрувањето. „Овој пат го препорачуваме Бени Ганц да формира следна влада“.

Истакнатиот член на арапскиот парламент Ахмад Тиби додаде: „Историјата е направена: ние ќе сториме сè што е потребно за да се урне Нетанјаху“. (Гардијан)