Измамени стотици граѓани, преку ноќ затворен ланец на продавници за мебел


Стотици граѓани останаа и без пари и и без мебел откако преку ноќ се затворија продажните салони на српско – руската фирма „Нефа мебел“ во Македонија, но и во Србија.

Во Македонија, компанијата има три продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и во Градскиот трговски центар, но и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово. Во четвртокот попладне речиси сите салони одеднаш затвориле, а купувачите велат дека продавачите кои биле внатре не можеле да им дадат информации како да ги добијат нарачките.

Во Србија вработените го разграбале останатиот мебел и на тој начин барем делумно си ги надоместиле неисплатените плати.

Српските медиуми пишуваат дека станува збор за класична приказна за сомнителен странски инвеститор, кој производите ги рекламирал како најевтини, а потоа преку ноќ избегал од Србија.

„Нефа мебел“ е српско-руска фирма, а српските медиуми веќе објавија фирмата пропаднала, а работниците што пред неколку дена ги затвори сите продавници во Македонија и Србија. Произведувач на мебелот што се продаваше во овие салони е руската компанија „Спилит“.