Изложби „МиниАРТура“ и „Мал формат“ 2021 во КИЦ


Изложбите „МиниАРТура“ и „Мал формат“ ќе бидат отворени вечер во Културно информативниот центар (КИЦ) во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерство за култура и Град Скопје, и во соработка со КИЦ.

Во „МиниАРТура“ покрај традиционалната минијатурна уметност, каде што покрај умешноста во намалувањето на фигуративните ликовни елементи, среќаваме и дела поблиски до апстракцијата или различни стилови на современата визуелна уметност денес.

За изложбата „МиниАРТура“ од страна на Друштвото на ликовни уметници по тринаесетти пат ќе се додели наградата „ЗЛАТНА ЧЕТКА“ оваа година на авторот Христина Зафировска.

Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. За изложбата „Мал формат“од страна на ДЛУМ ќе се додели една награда за мал формат, оваа година на авторот Ана Темкова.

Од страна на Културно Информативниот Центар КИЦ од Скопје ќе се доделат три награди и тоа: „Вангел Коџоман”, „Адем Кастрати” и „Константин Мазев-Коце”.