Изложба во Париз ја истражува врската на Ив Сен Лоран со златото


Франција– Од копчињата на неговите легендарни сакоа до тоалети кои блескаат од глава до пети, златото ги истакнуваше колекциите на Ив Сен Лоран и беше инспирација во текот на неговата кариера.

Музејот Ив Сен Лоран ќе ја прослави 60-годишнината од првата колекција на дизајнерот под ова име со монохроматска изложба која ја истражува неговата употреба на злато, која ќе биде отворена на 14 октомври и ќе трае до 14 мај следната година.

Изложбата „ Gold: Les Ors d’Yves Saint Laurent“ беше курирана од Елса Јансен, именувана како директорка на парискиот музеј минатиот март, со помош на историчарката на уметност Ана Клосовски – ќерка на Лулу де ла Фалез и кума на Сен Лоран.

Околу 40 фустани од висока мода и реди ту веар фустани, вклучително и фустан со светки од колекцијата висока мода на Сен Лоран од есента 1966 година, фотографиран од Дејвид Бејли, и блескави дизајни штоги носеле Зизи Жанмер и Кетрин Денев, ќе бидат дел од изложбата. Ќе ја истражи неговата употреба на позлатени ткаенини како брокат, тантела, ламе и кожа, неговата употреба на украси со светки и везови и ќе прикаже избор на додатоци, накит и други предмети.

(WWD)