Изложба „Современа скулптура“ во АРТ ХАБ во Скопје


Друштвото на ликовни уметници на Македонија денеска ќе ја постави изложбата „Современа скулптура“ во Уметничкиот центар АРТ ХАБ, во Скопје. Изложбата ќе биде отворена за посетителите од 25 февруари до 8 март, од понеделник до петок од 10 до 17 часот.

Оваа година селектор на изложбата „Современа скулптура“ е историчарот на уметност Благоја Варошанец. Учество земаат Александар Јанев, Ана Димчевска Семенпеева, Ангел Димовски Чауш, Ива Станковска, Љупчо Бојаров, Маја Танева, Марина Цветановска Мартиновска, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски, Слободан Милошески и Златко Бојковски.

На изложбата се доделува една парична награда од семејството на истакнатиот скулптор Боро Митриќевски, која што го носи неговото име. Оваа година добитник на наградата е скулпторот Слободан Милошески за делото со наслов „Воздигување“.