Изложба, предавања и работилници на уметникот од Кина, проф. Гао Ши
Во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје денеска и утре ќе биде отворена изложбата на кинескиот уметник, проф. Гао Ши, во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Како што е најавено, покрај изложбата, утре ќе се одржи и работилница во галеријата на Факултетот за ликовни уметности, каде што посетителите заедно со уметникот ќе може да изработуваат дела.
Сликите на уметникот ќе бидат изложени и во среда во Прилеп, во Домот на културата „Марко Цепенков“, а во четврток ќе бидат изложени во Битола во Офицерскиот дом, во кристалната сала.