Изложба „Патување низ боите“ за 30 години творештво на Башким Меџити
Во Чифте амам вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Патување низ боите – Јубилејни триесет години творештво“ на ликовниот уметник и професор Башким Меџити.
Сликарскиот опус ќе биде претставен со седумдесетина слики изработени во комбинирана техника, акрил на платно.
-Творечкото патување на Меџити се одвива низ неколку циклуси, од најраната младост, дипломирањето на Факултетот за ликовна уметност во Приштина, до неговиот сегашен ангажман како редовен професор на Државниот универзитет во Тетово, се наведува во најавата за изложбата.
За отворањето на изложбата ќе биде подготвена монографија со пригодни осврти за сликарскиот пат на Меџити.
Изложбата ќе трае до 16 јануари 2025 година. Куратор е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.