Изложба „Навезени спомени“ во чест на Блаже Конески
Изложба „Навезени спомени“ во која се презентирани 53 најкарактеристични народни везови, од различни етногеографски области на нашата земја денеска ќе биде отворена во Музејот на Република Северна Македонија во чест на Блаже Конески.
Везовите коишто се поставни во 30 рамки претставуваат значајно сведоштво за креативноста, оригиналноста и вештината на жената – везилка, но и за традицијата што со векови се пренесувала од колено на колено.
-Изложбата е поставена во чест на нашиот реномиран и меѓународно признат поет, Блаже Конески. Со отворањето на изложбата, музејот дава свој придонес кон одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на втемелувачот на современата македонска филологија и лингвистика, велат од Музејот.
Автор на изложбата и каталогот е кустос советник Горданче Видиниќ.