Изложба на слики од Башким Меџити во Куќата на Робевци


Самостојната изложба на слики од Башким Меџити ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата во Куќата на Робевци.

Како што информираат организаторите, ќе бидат изложени 20-тина дела работени во последната година во техника акрил на платно.


Башким Меџити е роден на 16 јули 1965 година во Гостивар. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина, каде што се стекнал и со звањето Магистер по сликарство.

Низ годините, Меџити имал повеќе самостојни изложби низ државава и надвор, од кои последната била лани во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.