Изложба на Пол Гунон во Галеријата „Акантус“


Во Галеријата „Акантус“ утре вечер ќе биде отворена изложбата на Пол Гунон инспирирана од проектот „Скопје 2014).

Пол Гyнон, млад француски уметник престојуваше во Скопје месец и половина градејќи го својот проект – изложба „… по која цена” и посветувајќи сe комплетно, теоретски и практично во истражување на развојот и потребата на градот да еволуира во неговиот изглед низ историјата.

Како што вели тој, градењето на неговиот личен став, неговата уметничка визија за градот кој е појдовен интерес за оваа изложба е поврзан со неговиот интерес за историјата, културата и еволуцијата на градот се до денешен ден, вклучувајќи ги и артефактите од минатото и сегашноста ги реконструира, сече, крши, пресоздава за подобро да ја разбере суштината на она што од неа останува и го дефинира градот.

Низ духовит пристап Пол артефактите ги соголува, ги вади од контекст или пак наново ги создава. Користи соодветни современи архитектонски материјали, гради, моделира, излива во бетон. Сето тоа бара од уметникот дисциплина, физичка снага, ангажираност и точност.