Изложба на графики, цртежи и колажи од Слободан Радојковиќ


Во Културно-информативниот центар – Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на графики, цртежи и колажи од српскиот академски графичар, Слободан Радојковиќ.

Слободан Радојковиќ e роден 1967 во Ниш, Србија.  Дипломирал на ФЛУ Скопје во 1992 година Постдипломските студии ги завршил на ФЛУ Белград, Србија  во 1996 година, а докторирал на истиот факултет во 2016 година. Работи како професор по графика на ФЛУ Ниш. Од 1993 година е член на Здружението на ликовни уметности на Србија – УЛУС, и досега има реализирано 25 самостојни изложби во неколку земји низ светот.