Изложба „Монумент за неродените“ на Иван Аџиевски


Четвртата самостојна изложба „Монумент за неродените“ на македонскиот автор Иван Аџиевски вечер ќе биде отворена во Мобилната/монтажна галерија во Паркот на франкофонијата.

„Монумент за неродените“ е дел од програмата на Центарот за современи уметности – Скопје (Center of Contemporary Art – CAC) за изложби во 2024 година.

Според организаторот, се работи за концептуален проект во кој преку ликовната уметност авторот се обидува на пошироката јавност да и покаже критицизам на реалната опшествена состојба како причина за миграција на младите од државата.

Изложбата ќе претстави фотографии принтани на платно кои се модифицирани со апстрактен пристап со употреба на злато како медиум, создавајќи 12 нови уметнички дела – слики на кои се прикажуваат (во реалноста непостоечки) монументи подигнати во презентираниот простор од Македонија во чест на неродените, изгубените генерации како и  отселените граѓани од државата.