Изложба „Како што е“ на Антони Мазневски во Националната галерија


Изложба насловена „Како што е“ на Антони Мазневски ќе биде отворена денеска во Националната галерија, во објектот на Чифте амам.

Целта на изложбата е да се презентира неговата понова, седумгодишна продукција пред јавноста, да се предочат неговите истражувања и усовршувања во полето на ликовната естетика, филозофската мисла, занаетските квалификации…

Изложбата ќе биде отворена до 6 ноември.

Антони Мазневски е присутен на домашната и странска ликовна сцена веќе три децении. Работи како редовен професор на катедрата по сликарство при Факултетот за ликовни уметности. Во својата творечка активност има реализирано дваесеттина самостојни и многу групни изложби во земјата и странство. Неговите дела се дел од колекциите на неколку значајни музеи и ликовни институции како на пример: Музеј Албертина (Виена), Музеј Самлунг Есл, (Виена), Александрија Библиотека (Египет), Музеј за современа уметност (Скопје), МАНА Контемпорари (Њујорк), АртСлинк (Њујорк), Музеј Модерна Галерија – Риека (Хрватска)…