Изложба како филмска премиера: Редица за „Таму“ на Милчо Манчевски во МСУ (галерија)


Фото: Б. Грданоски

88 фотографии на нашиот најнаградуван режисер Милчо Манчевски сликани по цел свет од Индија, Њујорк, Виетнам, Русија, Македонија, Тајван, Куба, Турција, Црна Гора, Тексас… сите тие некаде Таму – не само географски, туку и визуелно, се телепортираа Тука и станаа дел од нас, ги гледавме како публика со насмевка вечерва на отварањето на изложбата и на промоцијата на книгата од изложбата „Таму“ во Музејот на современа уметност во Скопје. Чекааа на ред заради здравствените протоколи и домашни и странски љубители на фотографијата, обичен народ и претседателот Пендаровски со првата дама.

Фото: Б. Грданоски

„Таму“ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Манчевски, изложбите „Улица“ и „Пет капки сон“ кои исто така беа изложени во МСУ, а потоа патуваа во Њујорк, Шангај, Москва, Стокхолм, Софија, Италија, Франција, Доминиканската Република, Србија, Грција, Хрватска…

Фото: Б. Грданоски

Кураторката на изложбата Бојана Јанева-Шемова смета дека уникатноста на уметничката фотографија на Манчевски е во визуелниот јазик, кој допира до секого поради универзалните емоции кои зрачат од интеракцијата на ликовите, поставеноста на елементите кои ја градат композицијата и колоритот кој напати остава без здив.

Фото: Б. Грданоски

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Р. С. Македонија како дел од Годишната програма за 2020 на музејот, а книгата, во издание на „Антолог“ е поддржана и од Град Скопје и од Алкалоид.

Фото: Борис Грданоски

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски