Изложба „50 години Светска галерија на карикатура Скопје 1969 – 2019“ во Прилеп


Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена изложбата 50 години Светска галерија на карикатура Скопје 1969 – 2019.

Изложбата се состои од 50 карикатури – добитници на највисоката награда на секоја од 50-те изданија на Светската галерија на карикатури Скопје од 1969 – 2019.

Изложбата ќе трае до 5 септември.