Излогот како уметнички медиум во Францускиот центар во Скопје

Инсталации од македонскиот уметник Антонио Пирковски се преставени во излогот на Францускиот институт во Скопје и во Нано-бар, како дел од изложбата наречена „Неонска рефлексија“, која започна вчера и ќе трае до 31 октомври.Изложбата ја отворија амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, и кураторката, Кристина Глигоровска.
Специјална гостинка беше Солин Д’Абовил, светски позната дизајнерка и основач на агенцијата Manymany во Париз, која одржа предавање на тема излогот како алтернативна уметничка галерија.
Оваа изложба е дел од проектот „Излогот како уметнички медиум“ во реализација на галеријата Акантус и Здружението за промоција на визуелната култура – Студио Вирту, а поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Францускиот институт во Скопје и Нано-бар.