Излезноста до 17 часот е поголема отколку во истото време во вториот круг на претседателските избори


Фото: Б. Грданоски

Иако изгледа дека излезноста на изборите до 17 часот е ниска – 38,78 отсто, таа сепак е повисока од очекувањата. Бидејќи работите се многу променети од декември 2016 година (не само поради зголемената политичка апатија, туку и поради корона вирусот и гласањето среде лето), споредбата со тие парламентарни избори во некоја рака не е најблагодарно.

Доколку се направи паралела со вториот круг на претседателските избори на 5 мај 2019 година се гледа дека излезноста на овие избори до 17 часот е поголема. Тогаш на изборите гласале 687 илјади гласачи, или 38,25 отсто. Сега до 17 часот гласале 703 илјади гласачи. Во првиот круг на претседателските избори, излезноста беше уште помала – во 17 часот беше 34,41 отсто или дотогаш беа гласале 620 граѓани.

Очигледно дека има политичка мотивација на овие избори и дека излезноста веројатно ќе стигне до 50 отсто. Главното прашање е чии гласачи се тие.