Излезе деветиот број на „Дипломатскиот летопис“


Дипломатскиот клуб го објави деветиот број на „Дипломатскиот летопис“, нивното тематско списание за дипломатијата, меѓународните односи и меѓународното право.

– Во овој број на „Летописот“, издаден во услови на пандемија, редакцијата успеа да обезбеди и да помести серија на прилози на еминентни автори за историските успеси на македонската држава и дипломатија со зачленувањето во НАТО и отворањето на процесот за преговори на Северна Македонија со Европската унија. Воедно, посебен осврт е направен и за Конференцијата по повод 50-тата годишнина од почетокот на функционирањето на првиот државни орган во Македонија кој бил надлежен за односи со странство, информираат од Дипломатскиот клуб – Скопје.

Од историските теми, како што наведуваат во соопштението, објавени: се Извештаите на странските воено-дипломатски мисии во Македонија во 1944, за Рускиот конзулат во Битола 1861-1915 и за 75 години од победата над фашизмот, осврти за дипломатските искуства на писателот Ацо Шопов, како и литературни дела на македонски дипломати, односно промоции на нивни стручно-дипломатски изданија.

Гостин во Летописот со текстот „Мала прослава за своја душа“  објавен во „Дојче веле“  е новинарот Ерол Ризаов.