Излез од државата само преку Деве Баир и Аеродром Скопје


Граѓаните за излез од државата можат да го користат граничниот премин кон Бугарија – Деве Баир, без ограничувања, како и граничниот премин Аеродром Скопје, информира МВР.

– Нашите граѓани можат да остварат влез во Република Северна Македонија само на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и Аеродром Скопје. Странските државјани кои доаѓаат од високо и средноризични земји не можат да остварат влезат на ниту еден граничен премин, односно нивниот влез е забранет. Воедно, Министерството за внатрешни работи е активно вклучено во спровод и конвој на заглавените товарни возила во меѓуграничниот простор, соопшти МВР.