Излезе од затвор човекот што ја нападна Шекеринска


Излезе од затвор Панче Ангелов, човекот кој беше осуден на четиригодишна затворска казна за напад на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во Собранието.Тој беше осуден на четири години затвор, а доби амнестија на триесет отсто од казната.

Ангелов според обвинението, во Собранието на 27 април влегол во зградата и се упатил во прес салата, каде најпрво му се заканил на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а потоа ја нападнал Шеќеринска на која и ја искубал косата, а фрлал шишиња кон другите пратеници.