Изградбата на новиот мост во Аеродром во полн ек


Изградбата на новиот мост на реката Вардар во Аеродром, на булеварот АСНОМ,
е во полн ек. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани
со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во
овој дел од Скопје.

Пред неколку дена булеварот АСНОМ почна да се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром. Новиот премин преку Вардар ќе ги поврзе улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница, во Гази Баба.Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост ќе биде долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете
страни.

DCIM100MEDIADJI_0060.JPG
DCIM100MEDIADJI_0066.JPG

По изградбата на новиот мост и пробивањето на новиот коридор, граѓаните од
Ново Лисиче до Судска палата со автомобил ќе стигнуваат за 5 минути, со автобус
за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути. По овој
мост ќе сообраќаат и нови автобуски линии кои дополнително ќе го намалат
сообраќајниот метеж.

Третата и последна фаза од изградбата на новиот булевар АСНОМ опфаќа изградба на булевар на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до објектот на поранешен Пролетер во населбата Ќерамидница. Согласно со проектот, оваа фаза опфаќа реконструкција и изградба на дел од булеварот во должина од 317 метри. Реализацијата на овој проект и градежните работи ќе се одвиваат согласно со динамиката на експропријацијата на имотите кои се на неговата траса. И во овој дел е предвидено модерно булеварско решение со по 3 коловозни ленти во двата правци, странично и средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки и модерно ЛЕД осветлување.