Изгоре сириски бегалски камп во Либан

Во бегалски камп во Либан, каде се сместени бегалци од Сирија изби пожар, при што полесно се повредени четири лица, а изгореа сите шатори.

Пожарникарите го ставиле огнот под контрола по пет часа, а повеќето од 300 бегалци беа принудени да го напушптат кампот.

Пожарот избил по физичка пресметка помеѓу членовите на либанско семејство и сириските бегалци. Либиската армија покрена истрага и потрага по одговорните за пожарот.

Мисијата на Високиот комесаријат на Обединети нации за бегалци (УНХЦР) соопшти дека во кампот биле сместени 375 луѓе.