Изгоре луксузната палата на позната манекенка вредна седум милиони долари
Денеска изгоре луксузниот дворец на американската манекенка Кара Делевињ, кој се наоѓа во Лос Анџелес.
Се претпоставува дека пожарот избувнал надвор и стигнал до задниот дел од вилата, по што се проширил на поткровјето. Манекенката не била присутна, а во вилата немало ниту други луѓе.
Моментално е во Велика Британија поради деловни обврски, а на Инстаграм сподели фотографија од своите мачки.
„Денес моето срце е скршено. Не можам да верувам. Животот може да се смени додека трепнеш. Цени го она што го имаш“, изјавила таа.
Од полицијата на Лос Анџелес изјавија за PageSix дека немаат сознанија за смртни случаи на животни.
„По извршениот темелен преглед на вилата, не најдовме повредени животни“, додаваат оттаму.
Дури 94 пожарникари го гаснеа пожарот повеќе од два часа, а еден од нив поради повреда е пренесен во болница.