Изгоре куќа во Стар Дојран, загина една жена


Изгоре жена во куќа во Стар Дојран. Утрово околу седум часот и дваесет минути во СВР Струмица е пријавен пожар што настанал во куќа на улица „Маршал Тито“ во Стар Дојран.

Пожарот бил изгаснат од екипа на противпожарната единица, и дури тогаш во куќата било пронајдено телото на починато женско лице.

„Зафатена е кровната конструкција и еден спрат од куќата. Во пожарот има и една жртва. Во интервенцијата учествуваат ТППЕ Гевгелија со 4 пожарникари, еден ПП м.в и четири од доброволно ПП друштво од Дојран со едно возило“, известуваат надлежните служби.

Извршен е увид а по наредба на јавен обвинител телото ќе се даде на обдукција.