Изгоре куќа по удар на гром во охридско Ливоишта


Куќа изгоре во пожар што вечерва избувна во охридското село Ливоишта.

На лице место интервенираа екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и екипи на Доброволното противпожарно друштво од Дебрца, кои успеаја да го изгаснат пожарот, но објектот е речиси целосно уништен.

Според очевидци од селото, причината за пожарот е удар на гром.