Изгаснат пожарот во скопскиот ресторан „Рагуза“
Припадници на скопската Противпожарна бригада за кусо време успеаја да го изгаснат пожарот што избувна доцна синоќа во ресторанот „Рагуза“, сместен на покривот на катната гаража „26 јули“ на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во центарот на Скопје, спроти управната зграда на „Макпетрол“.
Засега нема инфромации за евентуални повредени лица и за причинетата материјална штета.
Според извори од Противпожарната бригада на Град Скопје, во време на избувнивањето на пожарот во ресторанот имало свадба.
Во гаснењето на огнот учествуваа неколу противпожарни возила, меѓу кои и новото возило со скала од кое пожарникарите го гаснеа пожарот.
Поради пожарот улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ времено беше затворена за сообраќај.