Изгаснат пожарот во „Манастир“ во Берово


Изгаснат е пожарот што вечерва избувна во поткровниот дел на хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Екипи на Противпожарната единица Берово веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде што е забележан густ чад.

Поради сериозноста на пожарот побарана била помош од околните противпожарни служби и тоа од Делчево и од Кочани. Во моментов пожарот е изгаснат и предизвикана е значителна материјална штета.