Изданието на „Мојата борба“ со критички коментари отсега е достапно на интернет
Германскиот институт за современа историја на интернет бесплатно објави критички коментирано издание на памфлетот на Адолф Хитлер „Мојата борба“, соопштија од ИНститутот.
Изворно е објавена во 2016 година, а Институтот одлучи изданието со коментари да го направи достапно онлајн на интернет, откако прими многу барања за тоа.
„Правејќи го тоа, поставуваме сериозна, научно втемелена референтна точка, за да се спротивставиме на многу верзии на „Мојата борба“ кои кружат по интернет, често од сомнителни извори“, рече дирекоторот на Институтот Андреас Виршинг.
Објавувањето на коментираното издание во тоа време беше критикувано, а го критикуваа и некои претставници на еврејската заедница.
Но, наставниците и тогашниот министер за образование го поддржаа изданието поради неговите образовни можности и предложија делови од изданието да се читаат на училишните часови.