Издадени 264 решенија за изолација, 52 лица потпишале изјави за самоизолација

Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се по едно лице кое не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се  562 прекршоци.