Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2025, и Дончиќ во неа


Објавен е симболичниот тим на Европското кошаркарско првенство 2025.

Во него се вклучени: Денис Шредер (Германија), Лука Дончиќ (Словенија), Франц Вагнер (Германија), Јанис Адетокунбо (Грција) и Алперен Шенгун (Турција).

Плејмејкерот Денис Шредер беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Трофејот на Евробаскетот 2025 го освои Германија која во финалето ја победија Турција со 88:83.