Избран тимот на годината во Премиер лигата: Десетмина од Сити и Ливерпул, плус Погба


Првпат од 1974 година во идеалниот тим на Премиер лигата се играчи само од три клуба. Англичаните велат, за овие 45 години колку што се прави изборот, никогаш не бил толку мал круг на фудбалери кои се сместени во Тимот на годината во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери.

Според е и самиот избор, сметаат многумина. Место во средниот ред зазеде Пол Погба, играчот околи кој се кршат копјата откако пристигна во Англија. За некои е генијалец, за некои колосално промашување на Јунајтед, на кого сакаат да му го видат грбот ова лето по секоја цена.

А, меѓу идеалните 11 го нема Еден Азар, првата ѕвезда на Челзи. Иако беше во најтесниот круг за фудбалер на годината, наградата која на крајот ја освои Вирџил ван Дајк, Белгиецот остана без место во идеалниот состав.

Меѓу првите 11 се еден играч на Манчестер Јунајтед – Погба, четворица од Ливерпул: Александер-Арнолд, Ван Дајк, Робертсон и Мане, како и шестмина од Манчестер Сити: Едерсон, Лапорт, Фернандињо, Бернардо, Стерлинг и Агуеро.

Нема ниту еден играч на Тотенхем, Челзи, Арсенал…