Изборната програма на “Единствена Македонија” претставена пред прилепчани


На средината на кампањата и денеска се наоѓаме во Прилеп каде што ги изложивме нашите стратешки определби меѓу прилепчани. Видовме еден голем интерес од страна на прилепчани во однос на нашите определби запишани во платформата “Битка за Македонија”.

Како што е познато ние предвидуваме десет стратешки определби со кои што си ја враќаме државата назад. Се заветуваме пред народот дека нема да отстапиме од овие определби, да ги поништиме антимакедонските договори со Грција со кои се брише името, идентитетот, историјата на македонскиот народ, поништување на договорот со Бугарија со кој се бришат македонците во Пиринска Македонија, поништување на законот за двојазичност, Македонија национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на сите малцинства. Службен јазик македонскиот и неговото кирилско писмо.

Спроведување на реален попис. Ние мора најпосле да се преброиме и да ја видиме реалната бројка на населението, бидејќи пописот од 2002 год е фалсификуван и со тој попис албанците лажно беа прикажани дека се 25,17%.

Во економскиот дел наша генерална определба е ревизија и одземање на украденото во криминалната приватизација и пост приватизација. Како што е познато во криминалната приватизација, оштетениот имот кој што 50 години наназад го создавале сите работни луѓе во социјализот, во 90-та година се подели меѓу десетина транзициски бандити.

За времето на ДПМНЕ од 2006-2016 год во таа таканаречена пост-приватизација се направи невиден грабеж. Значи ние имаме 30 год две партии ДПМНЕ и СДС кои што само крадат, лажат и ја растураат државата. Во суштина тоа не се две партии, тоа е една партија “Погреб за Македонија” која што работи на уништување на државата. Затоа народот мора да одговори.

На овие избори на 15 јули ќе престанат националните предавства, ќе престанат наредбите од странство, мора да си ја вратиме државата назад. Всушност треба да се посвети повеќе работа на проблеми од економијата. Откако ќе си ја вратиме државата назад, многу е лесно да ги решиме економските проблеми. Економската наука се погрижила да ги измисли механизмите како да направи држава со добар економски стандард. Какви даноци треба да има, каква макро и микро економска политика треба да се води.

Треба само чесни политичари со силна патриотска и национална определба. На овие избори, како носител во 4-та ИЕ кај што влегува и Прилеп, излегувам со мојата чесност. Затоа бараме од сите биографија од секој кој што ќе ќе ја бара неговата доверба, 25 год во мојата професионална кариера, немам ниту една криминална дамка ниту афера. Затоа спасот на Македонија и просперитот на  државата е во чесни политичари.

На 15 јули ќе победи народот. Главата горе македонци, на 15 јули гласајте за коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” предводена од “Единствена Македонија”. На 15 јули гласајте да си ја вратиме државата назад и да ја уредиме Македонија како држва каква што сите посакуваме, истакна Бачев во своето обраќање во Прилеп.