Изборите може да го одложат именувањата на амбасадорите


Иако списокот со 19 амбасадори сè уште не пристигнал на Водно, претседателот Стево Пендаровски ги знае имињата. Тврди дека над 90 отсто од кандидатите се дипломати од кариера. Сепак, тој не е сигурен дали сите од нив ќе успеат да заминат во странство пред изборите на 12 април.

Неофицијално меѓу предлозите на Владата се Рами Реџепи за амбасадор во Рим, Шпреса Јусуфи во Приштина, Шабан Јашари во Катар, Бети Јачева во Хаг, Васко Грков во Белград, Сашко Тодоровски во Стразбур, Мишо Докмановиќ во Тел Авив, Данчо Марковиќ во Тирана, Милаим Фетаи во Загреб, Фатон Бејта во Копенхаген, Дане Талевски амбасадор во НАТО.

Што се однесува до амбасадорот во САД, извршната власт нема предлог-решение. Иако Теута Арифи беше споменувана како кандидат, премиерот Заев денеска рече дека Арифи сепак нема да се сели од Тетово во Вашингтон.