Избори во Украина: Зеленски води со 70 отсто од гласовите пред Порошенко


Според првите анкети што излегоа надвор од границите на Украина, во вториот круг од претседателските избори Владимир Зеленски води со 71,8 отсто, пред сегашниот претседател Петар Порошенко, кој има освоено само 28,2 отсто.

Ова се резултатите од анкетата спроведена од компанијата „Њу имиџ маркетинг груп“ (ЊИМГ) која ја објави РИА новости.

На истокот од Украина, Зеленски доби 88,8 проценти, а Порошеко само 11,2 отсто, покажува резултатот од анкета на ЊИМГ во 12 часот. Ситуацијата не е подобра за Порошенко ниту на југот од земјата. Неговиот ривал добива 73,4 проценти, а тој 26,6 проценти. Во централниот дел на земјата, Зеленски добива 72,9 отсто, а Порошенко 27,1 отсто.

Најголемата неизвесност има во западниот дел на Украина, каде што Зеленски води со 55,6 отсто од гласовите, додека Порошенко има 44,4 отсто.